Tuesday, Apr 30, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДСМ делуваат антиуставно и противзаконски

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДСМ делуваат антиуставно и противзаконски

Зоран Заев е поттикнувач и поддржувач на пеењето на албанската химна во Собранието. Заев со кршење на Уставот, законот и Деловникот за работа на Собранието се обиде да избере тирански претседател на Собранието, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Криминалецот Зоран Заев и СДС делуваат антиуставно и противзаконски и затоа одговорност мора да има. Криминалецот Зоран Заев направи правен и политички преседан со што отвори можност во иднина, на незаконски начин да се гласа двојазичноста, албанските банкноти, двојазичните униформи, геноцидот и сите елементи од тиранската платформа, без да се почитува волјата на народот.

Заев во еден ден ги направи Македонците и Бугари и Срби, и покажа како планира да ја витка кичмата на Македонецот во иднина. Заев се претвори во маша на Еди Рама и Хашим Тачи и станува закана по безбедноста во целиот регион. Заев со својата непресметливост предизвика меѓународен скандал и ги влоши билатералните односи на Република Македонија со Република Србија, за што уследија низа реакции на највисоките државни претставници од таа земја. Заев со својата непресметливост ја доведува во опасност Република Македонија, нејзината меѓународна репутација и односи со други држави.

Граѓаните се згрозени и гневни од ваквиот дилетантизам на криминалецот Заев и СДС. Граѓаните се постизборно измамени и бараат одговорност и нови парламентарни избори. Заев и СДС не можат да одат спротивно на народната волја, СДС мора да го слушне гласот на народот“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.