Tuesday, Apr 30, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈРакометСловенецот Зарабец оди во Кил

Словенецот Зарабец оди во Кил

Освојувачите на германскиот куп, Кил свесни за неизбежната операција на креаторот на играта Домагој Дувњак, повлече потег за следната сезона. Ново појачување на клубот е Словенецот Миха Зарабец.

25-годишниот Миха Зарабец игра како среден бек и затоа е важно засилување за Кил поради проблемите кои ги имаат со главниот плејмејкер во клубот Дувњак. Управата на клубот има потпишано договор со Зарабец најмалку една година, со можност за продолжување на уште една година.

Оваа сезона Зарабец играше во Лигата на Шампионите за екипата на Целје, која испадна уште во групната фаза. Со Словенија го освои бронзениот медал на последното Светско првенство во Франција.

“Миха е брз и опасен играч, класичен плејмејкер, кој може да ни помогне многу во следната сезона. Покрај тоа, ние сме свесни дека Дувњак го чека долг одмор после неизбежната операцијата”, изјави тренерот Алфред Гисласон.