Tuesday, Apr 30, 2024
HomeДЕНЕШНАСветВо тензична атмосфера прва средба Путин-Тилерсон

Во тензична атмосфера прва средба Путин-Тилерсон

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска во Кремљ во ситуација на затегнати односи со САД и заострена реотрика оствари средба со американскиот државен секретар Рекс Тилерсон без оглед на стравовите дека до тоа нема да дојде по заострување на односите со САД откако беше извршен ракетен напад врз сириската армија.

На средбата присуствуваше и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, а портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков не соопшти за што се разговарало.

САД ја обвини Русија дека го помага режимот на Башр ал Асад за кој се сомневаат дека изврши хемиски напад врз цивилно население во Идлиб.