Wednesday, May 27, 2020
HomeДЕНЕШНАПолитикаДимитров – Тилерсон: Огромна е нашата посветеност да станеме дел од НАТО

Димитров – Тилерсон: Огромна е нашата посветеност да станеме дел од НАТО

nikola-dimitrov-reks-tilerson-860x680

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, вчера во Стејт департментот се сретнал со државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон, со кој разговарал за актуелните политички состојби во Република Македонија и во регионот и го запознал со актуелностите во процесот на надминување на разликите околу спорот за името со Грција, информираат од кабинетот на министерот.

– Македонија е пријател и партнер на САД. Убедени сме дека со вашата помош и лидерство и со поддршката на европските сојузници, набргу ќе станеме дел од семејството на НАТО. Нашата посветеност и решителност се огромни, а целта е да ја искористиле можноста што ни се укажува – изјавил Димитров.

Информирајќи за реформите во Македонија, Димитров нагласил дека Владата сака да изгради силни и демократски институции и да го зацврсти владеењето на правото, за да Македонија да стане полноправна членка на евро-атлантската заедница.

Димитров ја реафирмирал цврстата определба на Владата на Република Македонија постепено да го зголемува буџетот во сферата на одбраната во согласност со барањата на Алијансата, за зачувување на меѓународната безбедност и за борбата против тероризмот.

Во контекст на односите со соседите и на состојбите во регионот, Димитров истакнал дека „нерешавањето на проблемите повлекува политичка одговорност“.

„Државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон, истакна дека Македонија е на добар пат да биде успех и пример за регионот. Тој нагласи дека САД ќе продолжат да имаат позитивна улога за стабилноста и за напредокот на регионот и да бараат начини да помогнат. Тилерсон даде поддршка на реформската агенда, повикувајќи ја Владата да истрае во нејзиното спроведување“, соопштија од МНР.