Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЕПП е длабоко загрижена за ситуацијата во Македонија

ЕПП е длабоко загрижена за ситуацијата во Македонија

Европската народна партија (ЕПП) денеска изрази длабока загриженост за ситуацијата во Македонија и ги осуди провокациите кои ги нарушуваат меѓуетничките односи, јавува телевизијата „Алсат М“.

Во резолуција за Западен Балкан, која треба да биде усвоена на дводневниот конгрес на ЕПП на Малта на кој присуствува и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, се повикуваат политичките лидери да ги избегнуваат радикалната реторика и постапките кои претставуваат закана за мирот и стабилноста.

Во итната проект-резолуција се истакнува потребата од негување на добрососедските односи, зачувувањето на мултиетничкиот карактер на регионот преку мировна соработка, а посебно се истакнува потребата од брзо спроведување на реформите во судството.