Зејмоделците ќе се финансираат за ИПАРД проектите
Со средства од гарантен фонд ќе се финансира до 50 проценти од каматите за проектите добиени преку ИПАРД и кредитите одобрени од банките, додека пак земјоделците од поплавените региони ќе добијат покривање на каматата од 75 проценти.
„Апелирам најсериозно да го сфатат овој оглас бидејќи средства има. Поволностите се многу големи со оглед дека 75 проценти ќе бидат кофинасирани од ИПАРД фондовите“, изјави Михаил Цветков, министерот за земјоделство.
Земјоделците ќе може да искористат и средства за купување на земјоделска механизација и од Владата упатија повик да се искористат и овие проекти.