Sunday, May 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеПочна да се гради улицата на Кеј 13 Ноември- угостителите револтирани

Почна да се гради улицата на Кеј 13 Ноември- угостителите револтирани

Почна изградбата на спорната сообраќајница која ќе го пресече шеталиштето на Кеј 13 Ноември. Градежници почнаа да ги вадат плочките од шеталиштето, а поставена е и заштитна ограда. Сопствениците на кафулињата кои се наоѓаат на кејот се изненадени што за време на викенд почнуваат градежни активности.

„Од тука па се до крајот сигурно има меѓу 400 и 500 вработени. Тоа се придонеси кои ги добиваат од сите нас, а инаку ние на градот и на општина Центар на име на користење на пешачки јавни површини, добиваат преку милион евра за една година – од сите нас“, изјави загрижен угостител.

Од општина Центар и град Скопје со меѓусебни обвинувања за тоа кој ја донел одлуката за градба. Трајановски ја повика градежната инспекција да реагира, но вели останува фактот дека угостителите имаат во голем дел узурпирано делови од градкото шеталиште. Од Општина Центар најавија дека уште во понеделник на вонредна седница ќе расправаат за мерки како да се промени одлуката за градба.

„Одобрението за градба го издало Град Скопје, не е издадено од страна на општина Центар, но без разлика, од понеделник од страната на Советот на Општина Ценар ќе бидат донесени соодветни одлуки со што ќе се стопира целосната изградба”, изјави денеска на прес-конференција Саша Богдановиќ, претседател на СДСМ во Центар откако денеска сопствениците на околните угостителски објекти од улицата бараа одговори од Жерновски и општина Центар и најавија протест.

Тој соопшти дека во изминатиот општина Центар законски успеала да ја спречи постапката на оваа улица, но дека со измени на законот градот им ги одземал ингеренциите во тој дел.

„Во понеделник договоривме заедно со советниците на Општина Центар, вонредна седница, во којашто ќе ги преземеме сите законски мерки со коишто ќе спречиме да продолжи изградбата на оваа криминална улица којашто, ја гради познатиот бизнис партнер на Груевски, Александар Ивановски – Алек Тера Нова, кој беше познат во бомбите, односно во проектот Вистината за Македонија“, рече Богдановиќ .

Тој објасни дека ДУП-от бил променет од стана на тогашниот градоначалник Тодоровиќ и тогашните советници на ВМРО ДПМНЕ, и улицата била направена надземна и апелираше до изведувачот на улицата Ивело Груп да престане со активноти и до градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски да го повлече одобрението за градба на оваа улица.