Tuesday, Apr 30, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионМВР на Србија: Нема закана од масовни терористички напади

МВР на Србија: Нема закана од масовни терористички напади

Српското министерство за внатрешни работи изнесе став дека во Србија не се подготвуваат масовни терористички напади и дека заканите на Исламската држава упатени преку интернет немаат реална основа.

isis1

МВР нема сознанија за можни терористички напади, но секогаш постои објективна загриженост изјави Небојша Стевановиќ, министерот за полиција и додаде дека во последните месеци интезивно се работи за подобрување на безбедносните мерки.

migranti

Во поглед на мигрантите кои секојдневно поминуваат низ Балканот имаат сомневање дека дел од нив се воено оспособени и поминале низ одредена обука, но од информациите на тајните служби лицата кои се потенцијални терористи не влегле во Србија. Останатите мигранти се бележат во евиденциите и им се земаат отпечатоци од прсти.

Српското МВР исто така превзело мерки за обезбедување на главните институции и објекти и се прават коориднации меѓу специјалните единици за брза интервенција, како и со пријателските служби.