Почина претседателот на Узбекистан Ислам Каримов
Претседателот на Узбекистан Ислам Каримов почина на 78-годишна возраст како поседица од мозочен удар, пренесуваат тамошните медиуми. Каримов изминатите неколку дена ги поминал во болница во Ташкент поради излив на крв во мозокот.
Каримов не бил виден во јавноста од средината на август, а владата во Ташкент минатиот викенд призна дека тој е болен. Ислам Каримов на местото претседател на Узбекистан се наоѓаше уште од 1990 година.