Лавина усмртила тројца алпинисти на Мон Блан
Спасувачките екипи на Мон Блан пронашле две мртви тела на алпинистки и нивниот водич кои ги загубиле животот во лавина, соопштија француските власти. Двете жени, Словенка и Британка со полско потекло, планиреле заедно со својот водич Германец во планината Мон Моди на 4.100 метри надморска височина, кога во вторникот дошло до лавина, изјавил шефот на спасувачката служба на градот Шамонија Стефан Бозон.
Телата на двете жени биле пронајдени синоќа, а на водичот утрово. Спасителите биле принудени да користат моторни тестери и багер за да ги ослободат телата од мразот, изјавил Бозон, додавајќи дека напорите за спасување биле покасно направени бидејќи други планинари рекле дека во лавината немало жртви.