Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионЛавина во Банско, ја предизвикале „сноубордери“

Лавина во Банско, ја предизвикале „сноубордери“

Странски туристи кои возеле сноуборд предивикале лавина над ски патеките во Банско. Предупредувањето за движечката снежна маса до спасувачите стигнала од Романец, кој бил во месноста викана “Ечмище”.

Веднаш кон самото место се упатиле тимови на Планинската спасувачка служба. Романецот не бил повреден, но бил исплашен. Нема затрупани скијачи и сноубордисти во регионот, потврдија од планинската служба.

Неколку лавини се паднати и во Пирин, поради временските услови кои предизвикуваат лизгање на снежната маса. Во областа на ски зоната се монтирани шест системи за контролирано да ги разнесат лавините, но тие се активираат во време кога на планината нема скијачи и туристи.

Спасувачите коментираат дека многу често сноубордисти предизвикуваат локални лавини надвор од означените места за зимски спортови за да си го креваат адреналинот. Предизвикувањето на т.н. “рутински” лавини сепак е ризично и апсолутно забрането.Но и покрај предупредувањата, сепак скијачите не ги почитуваат, алармираа планинските спасители во Банско.