Monday, May 6, 2024
HomeДЕНЕШНАСветВооружен напад во Тел Авив: Три жртви, петмина повредени

Вооружен напад во Тел Авив: Три жртви, петмина повредени

Според соопштението од полицијата во Израел, во Тел Авив се случил вооружен напад во кој најмалку три лица го загубиле животот, а петмина се повредени. Едниот од ранетите се наоѓал во критична состојба.

Полицијата соопшти дека двајца напаѓачи отвориле оган, при што според досегашните информации едниот напад е извршен на пазарот Сарона, а другиот на соседната улица Хаарбах. Полицјаците отвориле оган кон двајцата напаѓачи, при што им е одземено оружјето и тие се неутрализирани.