Tuesday, Apr 30, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈОстанатиМарко Блажевски со државен рекорд, но недоволно за полуфинале

Марко Блажевски со државен рекорд, но недоволно за полуфинале

Марко Блажевски вчера во квалификациите на Олимписките игри во Рио исплива време – 2:02.54 минути, што е за 44 секунди подобро од неговиот рекорд поставен пред помалку од еден месец во Гронсборо (2:02.98 минути). Во оваа дисциплина беа пријавени 30 пливачи, а Блажевски го освои 26-то место во конкуренција на 27 пливачи бидејќи тројца не се појавија на стартот.

Од македонските спортисти следен што ќе настапи на Игрите во Рио ќе биде атлетичарот Ристе Пандев во квалификациите на трката на 100 метри што ќе се одржи на 13 август.