Владата на Република Македонија со поддршка за Турција
Македонските власти ја почитуваат волјата на турскиот народ во начинот на кој се справуваат со последиците од обидот за воен удар, одговори портпаролот на Владата на РМ Александар Георгиев на прашање на НОВА.
– Република Македонија и Република Турција се пријателски земји. Ставот на Република Македонија е секогаш почитување на волјата на турскиот народ и демократски избраните претставници во земјата. Единствените легитимни претставници и институции во Република Турција се тие кои се избрани на избори и тие ја уживаат нашата поддршка. Затоа, Македонија најостро го осудува насилниот обид за преземање на власта од страна на воени лица.
Неофицијално и во Македонија се прави листа на предавници на Турција, особено на организациите и компаниите кои според агенцијата Анадолија се блиски до проповедникот Фетула Ѓулен, главниот осомничен за покренувач на воениот удар.
Извор: novatv.mk