Продолжете си го животот со здрави утрински навики
Не залудно велат дека денот по утрото се познава. Убавото започнување на денот ќе ви донесе многу енергија и позитивни мисли. Но, здравите утрински навики водат и кон долговечност. Еве неколку утрински активности со кои ќе си го продолжите животот:
Дишете длабоко.
Кога се будите наутро отворете ги сите прозори, освежете ги просториите. Извадете ја главата низ прозор или излезете на тераса. Длабоко дишете. Потсетете се себе дека сте живи, здрави и среќни
Појадок пред кафе
Можеби уживате во кафето непосредно по будењето, можеби сте и пушач, но обидете се да создадете навика во која прво ќе доручкувате. Не мора појадокот да биде обилен, важно е да не пиете кафе на празен желудник
Утрински вежби
Утринските вежби ќе ве расонат и ќе го раздвишат вашето тело. Денот ќе го започнете со елан, вежбањето ќе ви го направи денот продуктивен и ќе се чувствувате корисни.
Туширање
После вежбање туширајте се наизменично и со топла и со ладна вода. Тоа ќе ја подобри вашата циркулација и ќе ве наполни со енергија
Правилно управувајте со времето
Најголемиот стрес организмот го доживува доколку доцните на работа. Планот направете го претходната ноќ. Не одложувајте го будењетето, ,,уште 5 минути” никогаш не се покажува како добра практика. Доколку го распоредите времето правилно можете да ги остварите сите здрави навики и повторно да стигнете на работа на време