Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионАлбанската полиција заплени речиси 17 тони шверцувано кафе

Албанската полиција заплени речиси 17 тони шверцувано кафе

Полицијата од северниот албански град Кукс, заплени 16.800 килограми шверцувано кафе. Според полицијата кафето било откриено при рутинска контрола на камион со албански регистарски таблички,кој се движел на патниот правец Кукс-Шиштевац. При контролата биле отркиени 280 вреќи секоја со по 60 килограми кафе, прошверцувани од Косово.

Уапсен е возачот на камионот, Алтин Баша (25) од Тирана додека по уште едно лице се трага. По брзата истрага уапсни се и шефот на Полицискта станица од Шиштевац,како и тројца инспекори,поради злоупотреба на службената положба.Тие се осомничени дека дозволиле камионот да помине преку граничниот премин кај Шиштевац,на албанско-косовската граница.