Полицајци пречекани како стриптизери на бурен роденден
Двајца полицајци од градот Бендорф во југозападна Германија доживеале сцена која е како извадена од „порно“ филм. Тие биле повикани да интервенираат во стан каде се одвивала прегласна забава, но славеничката, повозразна жена помислила дека пријателките и подготвиле изненадување со стриптизери.
Полицајците биле веднаш опсипани од жените очекувајќи тие да почнат да се соблекуваат се додека не сфатиле дека навистина се дел од полициската служба. Откако недоразбирањата биле надминати славеничките ја стишиле музиката и се извиниле на полицајците.