Светска премиера на „Ослободување на Скопје“
Новата историска драма на Раде Шербеџија „Ослободување на Скопје“ ја имаше светската премиера во Пула, во Веспазијановиот амфитеатар, во рамки на 53-от Пулски филмски фестивал. Македонската публика, пак, ќе има можност да го види филмот во септември на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола.
Интернационалната публика сега може да го погледне и трејлерот кој е објавен на YouTube, а ветува многу драматична приказна за текот на Втората светска војна со близок приказ на ликови од двете страни на конфликтот. Актерската екипа е составена од Силвија Стојановска, Раде Шербеџија, Мико Ноусаинен, Небојша Глоговац, Петар Мирчевски, Јари Вирман, Дејан Лилиќ, Денис Абдула и Аксел Мехмед, а главната улога ја има 11 годишниот Давид Тодоровски.