Судот го одби барањето на СЈО за суспендирање на „Алфите“ од „Тортура“
Судијата го одби барањето на СЈО и не им одреди мерки на претпазливост на командантот на полициската едница „Алфа“, Ивица Антевски – Пуки и на петтемина негови колеги осомничени во случајот „Тортура“, соопштија денеска од Кривичниот суд.
„Судија на претходна постапка постапувајќи по предлогот на Јавното обвинителство за гонење на кривични дека поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО) за предметот во јавноста познат како „Тортура“, донесе решение со кое, предлогот за осомничените: И.А., Н.С., П.М., М.Ш., Ф.А и Ј.Б., се одбива како неоснован.
Имено за горенаведените лица судот не го прифати предлогот на СЈО, а со тоа и не им определи мерка на претпазливост – забрана за вршење на сите полициски овластувања кои осомничениот ги има како полициски службеник и конкретни забрани за вршење на работи и работни задачи и овластувања кои ги има согласно актите за систематизација“, се вели во соопштението.