Од месецов, Шпанците можат легално да си садат марихуана во дворот
Од почетокот на овој месец, Шпанците можат слободно да си садат марихуана на своите имоти. Од 1 јули во Шпанија е нелегално само садење на јавни површини и на места видливи од јавни површини, додека на своја сопственост Шпанците можат да садат колку им душа сака на просторот што го поседуваат.
Шпанија има долга историја со канабисот и е меѓу последните кој ја криминализираат, а тоа го сторил Диктаторот Франко во 1967 година. Инаку, Шпанија ги има водечките млади научници посветени за „освестување“ на населението од прпагандата која убедува дека ова природно растеније е штетно. Лековитата билка е нелегална во 80 % од светот, вклучително и Македонија која штотуку легализираше канабис само за медицинска употреба.