Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаЗапленети 144 килограми марихуана на Царина

Запленети 144 килограми марихуана на Царина

Царинските службеници од граничниот премин Богородица вчера запленија 144 килограми марихуана.

Како што информираа од Царинската управа на 12 април на граничниот премин Богородица на излез од а Македонија било запрено товарно возило со полуприколка со странски регистарски ознаки управувано од бугарски државјанин.

Кога осомничениот пристигнал на граничниот премин Богородица на царинските службеници им рекол дека нема ништо за пријавување и дека возилото е празно. Бидејќи царинските службеници се посомневале во неговата изјава, возилото било селектирано за контрола. При контрола на возило во страничните даски од полуприколката, царинските службеници забележале дека истите биле наполнети со наркотична дрога марихуана. Вкупната количина на запленетата марихуана е 144 килограми.

Предистражната постапка е сѐ уште во тек и се прибираат докази. Царинската управа поднесе кривична пријава против осомниченото лице до надлежното јавно обвинителство, поради постоење на основи на сомнение дека е сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори.