Нов протест на „Шарената револуција“ најавен за во среда
Активистите на „Шарената револуција“ на својата страница на „Фејсбук“ закажаа нов протест за в среда, 6. јули, од 19 часот, кој стандардно ќе започне од пред СЈО.
-„Уставниот суд да се произнесе за уставноста на Специјалното јавно обвинителство и на тој начин да се овозможи да одговараат сите функционери што преземале криминални дејства. Ова го бараат граѓаните, заедниците и политичките фактори што се борат за демократизација на Република Македонија. Заштитата на СЈО е гаранција дека ќе има правда во Македонија, но власта и Уставниот суд упорно се противат на волјата на граѓаните и подготвуваат опасен план за криминалот да продолжи да владее. Затоа, протестираме против овој режим! Протестираме за да има правда! Протестираме за одбрана на СЈО! Протестираме в среда, 6 јули, 19 часот, пред нашата тврдина – Специјалното јавно обвинителство! “, пишува во најавата за протестот.