Автопилотот на Tesla однесе прва жртва во сообраќајот
Teslа Motors објави дека во сообраќајната несреќа од мај 2016, во која загина возач, докажано e дека го користел автопилотот за асистирање при возењето, но тој не му дал навремено предупредување. Автомобилот Model S удрил во камион со приколка, кој вртел кон лево на автопат во Флорида. Ниту автопилотот, ниту возачот не го забележале камионот, а автомобилот не ги вклучил кочниците.
Регулаторните ќе ја истражува сообраќајната несреќа и точните причини за судирот. Безбедноста со автономните автомобили е повторно доведена во прашање, па од Tesla посочија дека автопилотот се уште е во тест фаза и возачите не треба целосно да се потпрат на него.