Tuesday, Apr 30, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалВелс ја спакува Русија, „Гордиот албион“ немоќен против цврстата одбрана на Словачка

Велс ја спакува Русија, „Гордиот албион“ немоќен против цврстата одбрана на Словачка

Велс извојува висока победа од 3-0 против Русија, а Англија и Словачка одиграа натпревар без голови во рамките на третото последно коло од групата Б.

Дебитантскиот тим важи за едно од најпријатните изненадувања на ова првенство, а тоа го потврди и вчеравечер преку погодоците на Ремзи во 11-та, Тејлор во 20-та и Бејл во 67-та минута. Англичаните, пак, немоќно се обидуваа да го пробијат одбранбениот „бункер“ на селекцијата на Словачка. Од вкупно 30 шутеви кон голот на Козачик, ниту еден не успеа да ја затресе мрежата.

Со освоени 6 бодови, Велшаните ја заземаа првата позиција, зад нив се наоѓа Англија со 5 и Словачка 4 бодови. Русите освоија само еден бод кој го добија во ремито со Англија и за нив ова првенство е завршено.