Најдобрите 5 апликации за следење на Евро 2016
Светскиот Европски Шампионат во фудбалот EURO 2016 започнува денес, што е голема работа за фудбалските фанови. Битката започнува денес, на 10 јуни, на овој спортски спектакл ќе се соочат 24 тимови од Европа во 51 меч, за да се види кој е најдобар на стариот континент. Ако сакате да бидете во тек со секој детал за натпреварите, ви ги нудиме петте најдобри апликации за Android и iOS мобилните оперативни системи од Euro 2016.
UEFA EURO 2016 Official App – Бесплатно достапна за Android и iOS.
Оваа апликација е добро место да се започне следењето на натпреварите. Овде имате информации за сите 552 играчи во Франција, детали за секојa позиција и резултатите. Може да ја подесите апликацијата да следи одреден тим и може да гледате статистички податоци споредбено со други резултати додека го гледате натпреварот.
Onefootball – Бесплатно достапна за Android и iOS.
Оваа апликација служи за следење на резултатите во секоја секунда за фудбалот во Франција летово.
Euro 2016 – Само за Android.
Добро изработена едноставна апликација, лесна за користење со сите потребни информации.
UFL – Бесплатно достапна за Android и iOS.
Оваа апликација е специфична за фанови што сакаат да бидат во тек со акцијата. Може да одберете двајца играчи пред да почне натпреварот и да заработите поени во реално време, во однос на тоа како добро ќе одиграат тие. Може да гледате како типувале и другите корисници.
Stats Zone: Football – Бесплатно достапна за Android и iOS.
За да бидете во тек со најновите резултати, преземете ја оваа апликација, со која можете да гледате и забавени видео анимации доколку сакате да анализирате одредена акција кога се дава гол и слично.
Извор: telefoni.mk