Казна од 2 400 евра за активист на „Шарената револуција“, направил сообраќаен прекршок
Уште еден активист од „Шарената револуција“, Жаре Стеваноски од Прилеп , е казнет со 2.400 евра за направен сообраќен прекршок за време на протестите, јавува 24 Вести.
Тој бил повикан на распит во полициската станица, а паричната казна е исходот од разговорот.
Додека Стевановски бил на распит, демонстрантите со полициски кордон биле спречени да протестираат пред полициската станица.
Инаку, едно од главните барања на Шарената револуција е да престане прогонот на демонстранти и дадоа рок до 18-ти јуни да се ослободат притворените демонстранти и да се повлечат кривични и прекршочните пријави за сите останати соборци.