Топ 5 градови со најдобар баланс помеѓу работата и слободното време
Компанијата ExpertMarket направи ранг листа на градови низ светот во кои луѓето имаат најдобар баланс меѓу работата и слободното време, пишува Business Insider.
Критериумите се колку часа неделно и годишно луѓето во нив работат, како и колку дена одмор добиваат. Интересно е што првите два града се наоѓаат во Франција.
Во оваа топ 5 листа се најдоа градовите:
5. Виена, Австрија
Просечно работни часови во неделата: 32,27
4. Хелсинки, Финска
Просечно работни часови во неделата: 31,91
3. Москва, Русија
Просечно работни часови во неделата: 31,66
2. Лион, Франција
Просечно работни часови во неделата: 31,36
1. Париз, Франција
Просечно работни часови во неделата: 30.84.