Силното невреме со големи штети во Македонска Каменица
Земјоделците од Македонска Каменица започнаа да пријавуваат големи штети на нивните насади од вчерашното силно невреме кое го зафати регионот при што паѓал и крупен град. Најголема штета има на градинарските култури, овошните насади од јаболка и ореви, а најпогодени се жителите на селата Моштица, Косевица и Костин Дол. Од оштината најавија дека ќе формираат комисија за проценка на штетите и ќе излезат на терен да им помогнат на земјоделците.