Tuesday, Apr 30, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионАвион на „Туркиш Ерлајнс“ принудно слета во Белград

Авион на „Туркиш Ерлајнс“ принудно слета во Белград

Авион на „Туркиш Ерлајнс“ кој летал на линијата Истанбул-Лондон денеска е пренасочен кон Србија и принудно слетал на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, откако во леталото бил пронајден мобилен телефон чиј сопственик се уште е непознат.

– Неопходните безбедносни контроли се во тек, соопшти турската авиокомпанија. Како што наведуваат од авиокомпанијата, се работи за авион од типот „Боинг 777“, со 300 патници.