Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионБелград: „Лесно ви е вас во власта, вие никогаш не сте студирале“ – Протестите продолжуваат

Белград: „Лесно ви е вас во власта, вие никогаш не сте студирале“ – Протестите продолжуваат

Илјадници луѓе во Белград, Нови Сад и Ниш, незадоволни од победата на Александар Вучиќ на претседателските избори и општата состојба во земјата, маршираа низ градските улици и учествуваа во протестот наречен „Против диктатурата“, а избраниот претседател им порачал дека е подготвен да разговара, „но дека не знае со кога и за кои теми“, пренесуваат српските медиуми.

„Што се однесува до студентските протести, со сите секогаш разговарам и се разбирам. Само сакам да знам со кого разговарам“, рекол Вучиќ на прес-конференција во седиштето на Српската напредна партија, на која ги соопштил резултатите од повторените избори на осум избирачки места.

„Да разговараме за нашата економија, образованието… Ајде да видиме што е тоа што го започнавме и што можеме да направиме. Ги толерирав сите можни навреди и не одговорив на ниту една навреда“, рекол Вучиќ, наведувајќи дека е подготвен и за разговори за законот за работа или вработување.
protest belgrad
Протестите насловени „Против диктатурата“, започнаа пред девет дена преку социјалните мрежи, кога неколку илјади студенти и млади се собраа пред Собранието во Белград, а бранот на протести се прошири и низ другите градови, пред се во Нови Сад и Ниш. Помеѓу барањата на
студентите се смена на членовите на Републичката изборна комисија и Регуларното тело за електронски медиуми, потоа уредништвото на државната телевизија РТС, на која и се замерува за необјективното известување за протестите, средување на избирачкиот список и воведување на електронско гласање.

На протестите се придружија и полицискиот и воениот синдикат.