Tuesday, Apr 30, 2024
HomeДЕНЕШНАСветШест години затвор поради терористички закани на Твитер

Шест години затвор поради терористички закани на Твитер

Државјани на Пакистан и Тунис во Милано биле осудени на шест години затвор, бидејќи преку социјалните мрежи упатувале закани за терористички напади во Италија. 35-Годишниот државјанин на Тунис Ласад Брики и 27-годишниот Пакистанец Мухамед Бакас ќе бидат депортирани од Италија бидејќи ги отслужиле затворските казни, соопштил судијата.

Осудените биле уапсени во јули минатата година во северна Италија поради сомневање дека отвориле Твитер профил преку кој објавуваат закани за терористички напади на значајни знаменитости во државата, како што е римскиот колосеум. Тие објавувале и фотографии од наводните мети, а заканите ги објавувале на италијански, француски и арапски јазик.