Јувентус одби понуда од 90 милиони фунти за Дибала
Шампионот на Италија Јувентус одби понуда од првакот на Шпанија Барселона од 90 милиони евра за Пауло Дибала, пренесуваат италијанските медиуми. Дваесетгодишниот Аргентинец зад себе остави одлична сезона, бидејќи ја предводеше „Старата дама“ до двојна круна со 23 погодоци и девет асистенции.
Од друга страна пак, медиумите на Пиринејскиот полуостров истакнуваат дека поранешниот напаѓач на Палермо е прва желба на Луис Енрике во летниот трансфер период, бидејќи Дибала го гледа како додаток во страшното напаѓачко трио кое го сочинуваат Нејмар, Суарез и Меси.