Погледнете како се снимаше битката на Хардом
Game of Thrones од епизода во епизода, од сезона во сезона нуди се подобри и подобри сцени кои се импресивни, не само со специјалните ефекти, туку и со кинематографијата, начинот на поставување на камерите, движењето на сите елементи кои прават да поверуваме дека навистина се наоѓаме во Вестерос.
Една од највпечатливите сцени во последната сезона е токму битката на Хардом во која за прв пат добиваме масовен судир со White Walkers. Џон Сноу со мала група на ренџери и голем број на борци од дивјаците се соочува со страшниот непријател.
За снимањето изградена е масовна дрвена ограда која наликува на многу послаба заштита од ледениот ѕид, но целата акција во сцената е реална што најдобро ги „продава“ компјутерските ефекти. Во продолжение погледнете го целиот процес на оживувањето на White Walkers и неверојатната 15 минутна акција.