Бар инспириран од серијата Game of Thrones
Доколку сте едни од големиот број гледачи на мега популарната серија Game of Thrones овој бар е вистинското место каде што може да уживате во некоја пијачка и да дискутирате за новата еизода.
Барот е отворен на 21 јуни од како три компании се здружиле и заедно решиле да инвестираат во ова необично место што изгледа како да е дел од самата серија.Се наоѓа во Вашингтон на седмата улица во северозападниот дел.
Сопствениците дефинитивно не штеделе на детали, секој дел од барот е инспириран и направен во стилот на Game of Thrones, дури и пијалоците се направени да изгледаат како да би ги пиеле самите ликови,и секако персоналот секогаш е облечен како хероите во самата серија, најчесто во некој оклоп.
Но, треба да знаете дека барот затвара во седум часот секоја недела, за да можат гостите да одат дома и да ја изгледаат новата епизода.