Еве кој дизајн на очила ќе бидат летен хит
Еден од омилените аксесоари на кои дизајнерите посветуваат особено внимание се очилата за сонце.
Футуристичката тематика во креирањето на новите линии очила за сонце продолжува и оваа година, па како и минатата сезона, изборот на очила со футуристички дизајн ќе биде огромен.
Моделите од новата колекција очила Tuttolente на италијанскиот бренд „Retrosuperfuture” ги карактеризира токму таков еклектичен, футуристички израз. Минималистички, функционални и со карактер, овие очила за сонце се изработени рачно и со својот дизајн потсетуваат на детали од научно-фантастичните филмови.
Покрај црниот модел, очилата се достапни и во неколку варијанти на интензивни бои со што оставаат дополнителен впечаток, а нивната цена се движи од 199 до 239 евра.