Wednesday, May 1, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаТројца штипјани доживеале топлотен удар

Тројца штипјани доживеале топлотен удар

Тројца штипјани на возраст од 20 до 60 години поради високите температури денеска доживеале топлотни удари, информираат од Итната медицинска помош.

Според лекарот Дејан Рунтев овие три случаи се регистрирани до 12 часот.
– Два топлотни удари беа на отворено, а еден беше во затворена просторија. Првите сипмотоми за топлотен удар се главоболка, исцрпеност, препотување и колапс, вели Рунтев. Лекарите апелираат во текот на сахарскиот бран да се внимава на исхраната, бидејќи со зголемувањето на температурите регистрирани се пет случаи на труење со храна.