ДИК со вкрстена проверка ќе бара нерегуларности во избирачкиот список
Државната изборна комисија започнува со посеризна вкрстена проверка на базите на податоците од десетина државни институции за проверка на гласачите во избирачкиот список кои имаат право на глас и дали има нерегуларности како што досега се тврдеше и како тие дошле во евиденцијата.
Процесот ќе се врши со нов електронски софтвер за потврдување на резултатите на истражувачите за да се добие веродостојност и да нема никакви грешки.
Рокот за проверка најверојатно ќе трае десетина дена по што ќе се предложат и мерки за теренски проверки каде постојат сомнежи за нерегуларности и симптоматични појави на измами во кои се потенцијално вклучени и државните институции во минатите избори.