Tuesday, Apr 30, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионНиколиќ го моли Путин да стави вето на резолуцијата за Сребреница

Николиќ го моли Путин да стави вето на резолуцијата за Сребреница

Европскиот парламент ќе ја одбележи дваесетгодишнината од ужасот во Сребреница, но нема да донесе резолуција. Наместо резолуцијата која беше предложена од хрватскиот пратеник Иван Јаковчиќ, Парламентот на 8-ми јули ќе прочита соопштение со кое ќе се одаде почит на жртвите во Сребреница.

Претседателот на Србија, Томислав Николиќ, испратил писмо до сите шефови на држави, членки на ООН, а во писмото упатено до Путин има молба – Русија да стави вето на резолуцијата за Сребреница. Во четвртокот се појави четвртиот предлог за резолуцијата, кој според српските власти е малку приближен до рускиот нацрт, но и тој е неприфатлив бидејќи се работи само за козметички промени.