Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЕП ја изгласа резолуцијата за Македонија, но бара резултати пред да препорача преговори

ЕП ја изгласа резолуцијата за Македонија, но бара резултати пред да препорача преговори

Со 503 гласа „за“ и со 113 „против“, Европскиот парламент денеска ја усвои резолуцијата на специјалниот известувач на Европскиот парламент за Македонија, Иво Вајгле, која се однесува на извештајот на Европската комисија за 2016 година. Вкупно 45 европратеници беа воздржани за резолуцијата со која се препорачува Македонија да продолжи по патот на евроинтеграциите.

Европратениците го поздравија формирањето на новата влада на 31 мај и ја повикаа, заедно си сите политички партии да ја врати довербата во државата и во институциите. Тие, исто така, ја повикаа новата влада да продолжи со напорите за интегрирање во ЕУ и целосно да се посвети на робусните реформи во областа на владеењето на правото, правдата, корупцијата, основните човекови права, внатрешните односи, како и на добрососедските односи.

„Откако ќе има видлив напредок во имплементирањето на Договорот од Пржино од 2015 година и во спроведувањето на реформските приоритети, Европскиот парламент ќе го поддржи отворањето на преговорите за влез во ЕУ“, се наведува во резолуцијата.

Во однос на 2016 година, европратениците изразија жалење што Македонија продолжила да ги одолговлекува реформите во судството и го осудија повторното политичкото мешање во назначувањето и во промовирањето судии и обвинители. Европратениците, исто така, се загрижени за политичките напади и опструкциите на работата на Специјалното јавно обвинителство.