Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ: Резолуцијата на ЕПП е доказ дека не толерираат корупмирани политичари и корупциски скандали

СДСМ: Резолуцијата на ЕПП е доказ дека не толерираат корупмирани политичари и корупциски скандали

Пораките во Резолуцијата усвоена од Европската народна партија се уште еден доказ дека Груевски е изолиран политичар која ја изгуби довербата од сите значајни меѓународни политички субјекти, велат од СДСМ и додаваат дека со резолуцијата се осудува сè она што Никола Груевски и го прави на Македонија.

„Европската народна партија јасно стави до знаење дека не толерира корумпирани политичари и корупциски скандали, дека ги осудува провокациите и агресивното однесување кое претставува закана за мирот и стабилноста и истовремено повика на воздржаност од етнички провокации. И Резолуцијата на Европската народна партија, како и заклучоците на германскиот Бундестаг во кои се вели дека мора да се почитува парламентарното мнозинство и дека нови избори не се опција, се јасни пораки до Груевски и Иванов да престанат со непресметливото однесување кое ги загрозува државните и национални интереси на Македонија и интересите на граѓаните“, стои во соопштението од СДСМ.

Од партијата наведуваат дека демократските процеси се незапирливи и дека следува избор на нов претседател на Собранието, доделување на мандатот и нова реформска влада која ќе работи во интерес на сите граѓани на Република Македонија.