Tuesday, Apr 30, 2024
HomeДЕНЕШНАСветИСИС уништува, ама и шверцува артефакти

ИСИС уништува, ама и шверцува артефакти

Милитантната организација ИСИС повторно уништи значаен дел од светското културно наследство, кршејќи нови статиу од античкиот град Палмира. Овој пат нивните борци пресретнале шверцер на артефакти и дале наредба статуите да бидат уништени, а престапникот да биде камшикуван.

isis2

Според извештаите од меѓународните набљудувачи на УНЕСКО досега ИСИС има уништено голем број на споменици и археолошки локалитети, но и самите учествуваат во шверцот на антиквитети како еден од начините за финансирање.

palmyra isis

 

ИСИС досега збриша три антички градови во Ирак и Сирија во Нимрод и Хатра кои во минатото беа омилени туристички дестинации, а Палмира беше освоена во мај. Причината за рушење на античките статути наводно е поради претставување на лажна верска идеологија спротивна на исламот.