Ќе се постават камери во автобусите на ЈСП
Во автобусите на ЈСП ќе се постават камери за да се намали вандализмот. Поставувањето на видео камери и воспоставување на видео надзор беше најавено уште во 2013 година по инцидент во автобусот на линијата со број 65, кога во селото Сингелиќ брутално беа претепани осум средношколци.
Официјално стапи во сила долгоочекуваниот проект на автоматското следење на возилата и системот за електронската наплата во автобусите. Во однос на 2016 година би ја издвоил набавката на опрема за видео-надзор во автобусите и видео и алармен-надзор во автобазите и продажните места на ЈСП, каде што целиот проект треба да биде завршен во 2016 година – ова во интервју за магазинот Транспорт и Логистика го вели Игор Јанушев, директор на Јавното сообраќајно претпријатие во Скопје.