Нов случај на секс снимка со малолетничка во Струмица
Уште еден тежок случај на ширење на детска порнографија има во Струмица каде момче ја пуштило секс снимката со својата малолетна девојка на социјалните мрежи Facebook и Instagram. Видеото е направено тајно, без согласност на девојката, а се проширило и до нејзините пријатели и родители.
Јавното обвинителство од Струмица започна истражна постапка против момчето на кое ќе му биде поднесена кривична пријава за „Производство и дистрибуција на детска порнографија“ и одреден му е 30 дневен притвор. Неодамна имаше уште еден случај во кој момче ја уценувал својата девојка дека ако му раскине ќе ја пушти секс снимката во јавност за што сега ќе одговара.