Народна банка за 35 милиони евра ќе се смести во барокна зграда
Објавен е и тендерот за изградба на ново седиште на Народна банка на Република Македонија, а локацијата е резервирана на кејот до објектите на МНР и МОБ. Како и сите нови државни згради, така и седиштето на НБРМ ќе биде украсено во барокен стил, а изведувањето ќе чини дури 35 милиони евра.
Зад архитектонското и естетското решение се потпишани Никола Стакинов и Лазар Димов, а основниот проект го изготвила проектантската фирма „Лоу Тек “. Тендерот за избор на градежна компанија која ќе го изгради новото седише ќе важи до 30 март, а потоа ќе се одржи и јавното отворање на пристигнатите понуди.