СДСМ со предлог закон за медиумите
Законот за медиуми кој СДСМ ќе им го достави на трите политички партии ќе ги содржи предлозите и забелешките кои Питер Ван Хауте белгискиот олеснувач ги презентираше средината на декември.
Предложените измени зафаќаат бесплатни владини реклами, комплетна реконструкција на Македонската телевизија во рок од 5 години, буџетско финансирање на јавниот сервис, намалување на даноците за медиуми од 18% на 5%, казни за прекршување на законот во зависност од големината и моќта на медиумот, реформи во надлежностите и начинот на функционирање на Агенцијата за медиуми.
Премиерот, Емил Димитриев по вчерашните разговори за регулација на медиумската сфера, Македонската медиумска асоцијација и Македонската асоцијација на новинари посочија дека постојниот закон за медиуми е во ред и е солиден за релгулирање. Она за кое треба да се направаат промени е во однос на казнената политика каде треба да се намали износот на глобите и да се заштитат авторските права на телевизиите во однос на кабелските оператори.
Бараат Агенцијата за медиуми да биде професионално тело, МРТВ да функционира како јавен сервис на граѓаните, да се рекомпонира Советот и да се регулира начинот на финансирање.
Во врска со овој закон владејачката паритија излезе со свој став: Јавниот радиодифузен сервис да продолжи да се финансира од буџетот и од радиодифузната такса како и да се воведе принцип, на 100 дена пред изборите информативната програма да ја водат двајца уредници, еден до власта и еден од опозицијата и медиумскиот простор да го делат партиите пропорционално според резулатите од последните избори.
Партиите по повод ова прашање треба да се изјаснат утре во Клубот на пратеници.