62 милијардери се побогати од половина население на планетата
Најновиот извештај на Оксфам организацијата за борба против сиромаштија открива дека 62-цата најбогати луѓе на планетата имаат речиси поголемо богатство отколку од 3.6 милијарди сиромашни луѓе. Разликата меѓу ултра богатите и сиромашните станува се поизразена и пострашна, бидејќи целиот капитал, ресурси и моќ се концентрирани во мала група на бизнисмени и олигарси. Загрижува и фактот што постои страшен тренд на се поголемо окрупнување на моќ и пари во мала група на луѓе кои контролираат цели светски индустрии, бидејќи пред неколку години ултра богати биле околу 350 поединци и нивниот број денес е намален за шест пати.Тоа доведува и до целосно суспендирање на демократските системи бидејќи кога на располагање имате повеќе пари од државните буџети и од економските потенцијали на било кое граѓанско или политичко движење тогаш многу лесно може да се корумпираат влади и политирачи, но и регулаторни тела, образовни и здравствени институции и надзорни органи.