Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПовеќе од петина од населението во Македонија живее во сиромаштија

Повеќе од петина од населението во Македонија живее во сиромаштија

Во Македонија 21,5 отсто од населението живее во сиромаштија, а целта е на среден рок стапката на сиромаштија да се намали под 16 проценти во 2020 година, вели министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, по повод Меѓународниот ден за борба против сиромаштијата (17 октомври).

Таа вели дека за исполнување на целта, клучен е економскиот развој кој ќе значи повеќе средства и услуги за сите.

– За да успее борбата против сиромаштијата, на младите мора да им се гарантира перспектива, можност да работат и да напредуваат дома, за да запре нивното иселување, а треба многу да се работи и на подобрување на економската позиција на жените во нашето општество, како и на квалитетно и достапно образование и социјални услуги – вели Царовска.

Според неа, во Македонија, за жал, покрај тие што немаат работа, сиромашни се и голем број вработени и поради тоа е важно зголемување на минималните приходи.