Tuesday, Apr 30, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаМарина во Охрид ќе се гради, се бара идејно решение

Марина во Охрид ќе се гради, се бара идејно решение

Ќе се гради марина во Охрид. Веќе е објавен конкурс за идејно решение за две локации. Едната локација е на пристаништето, а другата е кај каналот на Армијата на Република Македонија – информираше денеска премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарски прашања по посетата на охридскиот регион.

– Откако ќе се добијат идејни решенија ќе се одлучи на која локација ќе се гради марината. Има луѓе што сметаат дека треба на едното место, а други кај другото, па затоа јавниот повик е да се изработи идејно решение за двете места. Потоа ќе се одлучи на кое и ќе се продолжи со правење проект и со изведба. Очекуваме работите да одат во добра насока и по завршувањето на идејниот и основниот проект ќе се оди на градба. Финансиската конструкција е обезбедена – изјави Груевски.