Шар Планина да биде заштитено подрачје
Министерството за животна средина информираше дека на 30 јуни со почеток во 12:00 часот на Институтот за животна средина и здравје при Универзитетот на Југоисточна Европа, Тетово ќе одржи јавна презентација на активностите за прогласување на Шар Планина за заштитено подрачје и валидација на ГЕФ проектот: „Постигнување заштита на биолошката разновидност преку создавање и ефикасно управување со заштитените подрачја и интегрирање на биолошката разновидност во планирањето на намената на земјиштето“.
На јавната презентација се очекува присуство на научната јавност, градоначалниците на општините кои гравитираат кон оваа подрачје, претставници на меѓународната заедница и претставници на невладини организации.
Настанот има за цел да обезбеди транспарентност на активностите како и можност јавноста не само да биде добро информирана, туку да биде вклучена во самиот процес уште во неговата рана фаза.