Tuesday, Apr 30, 2024
HomeДЕНЕШНАРегион„Црната вдовица“ поради која се распадна Земунскиот клан

„Црната вдовица“ поради која се распадна Земунскиот клан

Земунскиот клан се распаднал поради жена? Српските медиуми пишуваат за „црната вдовица на Земунскиот клан“.
Тие ја опишуваат Ана како заводлива бринета поради која долгогодишните криминални ортаци се испотепале меѓусебно, па поради тоа и пропаднал најозлогласениот клан во Србија.

Ана Симиќ (36) од Белград е вдовица на српскиот мафијаш Цветко Симиќ, чие обезглавено тело беше пронајдено во 2010 година во езерото Јарун во Хрватска. За убиството на нејзиниот сопруг, Ана јавно го обвини Сретко Калиниќ, со кого била во љубовна врска, а на судењето низ солзи побара од него да каже каде е нејзиниот маж, на што тој возвратил: „Па не го убив јас!“.

ana2Инаку Сретко Калиниќ е еден од најозлогласените криминалци и убијци на земунскиот клан, кој беше фатен во Хрватска, откако беше ранет од страна на неговиот дотогашен другар и ортак, Милош Симовиќ. Токму Милош Симовиќ, кој неколку дена откако пукаше во Калиниќ беше уапсен во Белград, на судењето призна дека неговиот поранешен ортак го убил сопругот на Ана Симиќ поради љубомора.

– Самиот Калиниќ ми кажа дека го убил Симиќ при една прошетка така што му испукал куршум во главата, а потоа го фрлил неговото тело во езерото Јарун, за Симиќ да се води како исчезнат, а самиот тој да остане со неговата сопруга. Тој беше патолошки вљубен во Ана! Тие беа во тајна врска и само за неа зборуваше. Го сакаше сето она што го имаше Симиќ, неговиот живот, неговата жена, па дури сакаше и да има и деца со неа, објасни за време на судењето обвинетиот Милош Симовиќ.

Токму пронаоѓањето на телото на сопругот на Ана во езерото Јарун беше пресвртна точка во обидите на Интерпол да ги лоцираат и да ги фатат избегнатите шефови на Земунскиот клан.